Ali Mukarrem Garip
15 Јули 2019•Ажурирај: 16 Јули 2019
КИРКУК (АА) - Милиони медоносни пчели изумреа во областа Хавиџе во ирачката покраина Киркук, засега од непознати причини, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот за земјоделство на Киркук, Зухејр Али, во изјава за АА истакна дека милиони пчели изумреле од засега непознати причини.
Истакнувајќи дека е можно пчелите да биле отруени, Али рече дека продолжува испитувањето во регионот за да се открие дали пчелите се намерно усмртени.
Нагласувајќи дека земјоделското земјиште во регионот се прска несовесно, Али рече дека е можно и припадниците на терористичката ДЕАШ, кои одвреме-навреме организираат терористички активности во регионот, да го направиле тоа со цел да му наштетат на земјоделскиот сектор.
Директорот за земјоделство на покраината Киркук додаде дека Директоратот за земјоделство и безбедносни сили во регионот започнал истрага.
Аднан Сумедеј, производител на мед во регионот, рече: „Ова е намерна акција за уништување на земјоделскиот сектор во нашиот регион.“