Seyit Aydoğan
17 Декември 2015•Ажурирај: 19 Декември 2015
ВАНКУВЕР (АА) - Во јужниот дел на островот Ванкувер во канадската провинција Британска Колумбија е пронајден фосил на птица стар 25 милиони години, јавува Anadolu Agency (АА).
Експерт од Кралскиот музеј на Британска Колумбија Гери Касиер соопшти дека фосилот е пронајден случајно од едно семејство за време на нивната прошетка по плажата, додавајќи дека фосилот е во добра состојба, доволно да се изврши истражување врз него.
Првите анализи покажуваат дека станува збор за древно суштество што живеело пред 25 милиони години а тоа е еден вид птица што наликува на пингвин или гњурач.
Нагласувајќи дека во Канада никогаш не е прнајдено нешто слично, Касиер рече дека на споменатите кандаски брегови во 1895 година е пронајден фосил на уште еднен прастар вид на птици. Фосилите на птици се многу поретки од другите видови на фосили бидејќи коските им се многу потенки и повеќе кршливи.
Говорејќи за новооткриениот фосил, Касиер рече дека веројатно се работи за вид кој живеел на територијата на Јапонија и на Орегон, САД. Се работи за птица која била висока два метри и тешка околу 200 килограми.