Seyit Aydoğan
13 Август 2016•Ажурирај: 14 Август 2016
ОТАВА (АА) - Канадската Влада, која во минатите месеци ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Турција, соопшти дека повеќе нема пречки за патување во оваа земја, пренесува Anadolu Agency(AA).
На информативата веб-страница на Владата претходно беше објавено предупредување: „Одложете ги своите незадолжителни патувања во Турција“, а потоа предупредувањето е отстрането, па наведено е: „Не постојат пречки за патување во Турција“.
Сепак, граѓаните се предупредени, секако, да ги избегнуваат местата каде што се одржуваат протести, односно местата каде што постои можност за каков било криминал.
Како што претходно беше наведено, граѓаните на Канада се предупредени да не патуваат во местата кои се поблиску од 10 километри до границата со Сирија, градовите Хакари, Сирт, Ширнак, Мардин, Шанлиурфа, Килис, Тунџели, Бaтмaн, Mуш, Дијарбакир и Хатај.