Dildar Baykan
06 Март 2019•Ажурирај: 09 Март 2019
ЊУЈОРК (АА) - Сопственичката на козметичка компанија во САД и фотомодел, 21-годишната Американка Кајли Џенер, ја понесе титулата „најмлада милијардерка на светот“, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскот магазин „Форбс“ (Forbes) објави дека богатството на 21-годишната Кајли Џенер, сопственичка на компанијата „Kylie Cosmetics“ („Кајли козметикс“) достигнало 1 милијарда, со што 21-годишната Џенер ја понела титулата „најмлад милијардер во светот“.
Џенер оваа титула ја презеде од основачот на Фејсбук (Facebook), Марк Закерберг, а во исто време стана сопственичка и на титулата „најмлад милијардер кој самостојно го создал своето богатство“.
Џенер во изјавата дадена за „Форбс“ вели: „Немав никакви очекувања. Не ја предвидував иднината, но морам да признаам дека е прекрасно чувството од освојувањето на оваа титула. Таа е голема пофалба“.
Џенер, која е полусестра на познатите сестри Кло и Ким Кардашијан, е фотомодел, а во 2015 година ја основаше компанијата „Kylie Cosmetics“.