Melda Altakhan
06 Мај 2016•Ажурирај: 06 Мај 2016
АТИНА (АА) - Во Грција денеска започна тридневен штрајк организиран од страна на вработените во јавниот и приватниот сектор во знак на протест по повод гласањето во Парламентот на новите пензиски и даночни прописи, јавува Anadolu Agency (AA).
Грчката федерација на вработени во државниот сектор (ADEDY) и Конфедерацијата на синдикатите на грчките работници (GSEE) ги повикаа работниците и службениците на протест по повод гласањето на новиот закон кој треба да се изврши кон крајот на неделата.
ГСЕЕ ги повика работниците во недела на еднодневен штрајк и ги обвини новите владини реформи и одлуката за изгласување на новиот закон како „удар врз парламентот“.
Денеска во Грција запре градскиот јавен превоз, поморскиот превоз, железничките патувања и услугите во јавниот сектор. Поради прекинот на јавниот превоз повремено настанува гужва во сообраќајот.
Во меѓувреме, Федерацијата на грчки морнари почнувајќи од денеска најави четиридневен штрајк. Поради оваа одлука на федерацијата се очекува нарушување на поморскиот сообраќај во целата земја.