Mohamad Misto
06 Декември 2016•Ажурирај: 07 Декември 2016
АЛЕПО (АА) – Мајката Сабах, која си ги загуби седумте деца во Алепо, кој е под опсада на режимот на Асад и неговите поддржувачи почина во инвалидска количка барајќи доктор, јавува Anadolu Agency (AA).
Репортерот на АА, го снимаше беспомошното чекање на докторот на Ебу Мухамед Халеби и неговата сопруга Сабах Мухамед во источен Алепо на улицата која ја поврзува областа Шеар со Тарик Ел-Баб.
Халеби, раскажувајќи ги случувањата рече дека режимските сили го бомбардираат регионот, при што нивните куќи и улици ги претвориле во урнатини, а луѓето почнале да бегаат во околината.
Тој рече дека, за време на овој хаос ги загубиле своите 7 деца и немаат информација каде се и истакна дека, планирал да се врати да ги бара децата откако ќе најде доктор за неговата сопруга на која и се слошило.
Халеби раскажа дека неговата сопруга е болна, во инвалидска количка е веќе долго време, но поради опсадата не е во можност да и ја набави терапијата. Тој нагласи дека морал да најде доктор за неговата сопруга која се онесвестила.
Понатаму тој рече дека сопругата ја сместил во инвалидската количка и ја извадил од населбата, а еден од минувачите му ветил дека ќе најде доктор, така што тие продолжиле да чекаат.
Меѓутоа, половина час по снимањето на репортерот на АА, мајката Сабах починала.
Сведокот на овој настан, репортерот на АА, Јахја Ел- Режо изјави дека, малкуте цивили, кои можеле да се видат во околината брзо започнале да го напуштаат регионот, поради бомбардирањата од страна на режимот.
- Хуманитарна криза на илјадници луѓе
Градот Алепо, кој се наоѓа во северна Сирија, на границата со Турција е град втор по големина во државата по главниот град Дамаск. Центарот на градот од Турција е одалечен 40 километри. Западниот дел на градот го контролира режимот, додека пак источниот е контролиран од опозициските сили.
Режимската армија заедно со шиитската милиција поддржувана од Русија и Иран веќе 20 дена вршат воздушни напади во областите кои се контролирани од опозиционите сили на истокот на Алепо. Од друга страна пак, Русија тврди дека, не учествува во овие напади.
Наспроти ова, опозициските сили кои ја слушаат комуникацијата преку режимските линии, информираат дека Русите заземаат место во секоја копнена операција.
Во овој регион стотици цивили веќе 3 месеци немаат основни хуманитарни услови. Во последните три недели нема услуги во болниците, здравствените установи, училиштата и фурните.
Комуникацијата во градот се одвива ограничено преку интернет, поради повеќето уништени базни станици и прекинот на телефонските линии од страна на режимот.