ИСТАНБУЛ (AA) – Новинарот Хасан Сојлемез кој го снимаше документарниот филм така што со велосипед во период од 2010-2011 ја пропатува Турција, се подготвува за „патување од соништата", во Африка, јавува Anadolu Agency (AA).
Неговото патување на кое за три години ќе пропатува 54 земји, вклучуваќи шест островски земји, односно ќе помине 60.000 километри ќе започне на 25 декември во Мароко.
Сојлемез вели дека на тоа патување ќе ги праша луѓето кој е нивниот најголем сон и тоа ќе го забележи со фотографии и видеозаписи и на тој начин ќе направи „архив од соништата". Тој, забележеното преку различни канали на турски и англиски јазик ќе го спдели со светот.
Во разговор за АА истакна дека планира самиот да ја пропатува Африка. Сојлемез рече дека е негов долгогодишем сон да ја пропатува Африка со велосипед.
„Додека го остварувам својот сон, луѓето ќе ги прашувам што е нивниот најголем сон. Овие соништа кои ги собирам во Африка,ќе ги забележам со фотографии и видеозаписи и ќе ги споделам со целиот свет. Затоа патувањето го нареков „патување во соништата" појасни Сојлемез.
Тој се присети на претходното патување со велосипед низ Турција. Вели дека за 8,5 месеци поминал 10.000 километри без пари.
„Името на тоа патување беше 'патување во живот'. Минатата година издадов книга под ист назив. Во многу кратко време стана една од најпродаваните книги. На тоа патување од 10.000 километри немав ниту малку пари, но верувајте дека бев најсреќниот човек", додаде Сојлемез.
Тој истакнува дека за кратко време можел да патува низ Анадолија и да биде во контакт со луѓето на тој простор.
„Во суштина јас сум новинар, собирам приказни. Овие приказни ги споделив со луѓето и добив фантастични резултати", раскажа овој авантурист.
Никој Африканците не ги прашува кои се нивните соништа?
Хасан Сојлемез рече дека патот во Африка го планира како проект од општествена одговорност и дека сака погледот на животот на населението во Африка да го сподели со остатокот од светот.
„Има многу документарни филмови за Африка. Снимени се многу филмови за животот, културата на тамошните луѓе. Но никој не ги прашал кој е нивниот најголем сон. Има многу убави работи, кампањите кои се работат на темата Африка, но потребно е да се се слушнат и да се сподели со светот", нагласи Сојлемез кој потсети дека сонувањето човекот го прави среќен.
Истакнува дека сега луѓето не сонуваат многу и дека со овој проект сака да поттикне на тоа.
Соништата на луѓето во Африка се како самите тие, едноставни и чисти
Ова патување нема да биде првото патување на Хасан во Африка, тој речиси секоја година заминува на пократки патувања на тој континент.
„Кога одам во Африка, се чувствувам како да сум отишол во куќа на моето семејство. Поради тоа сакам да отидам во Африка", рече Сојлемез, кој додаде дека е свесен дека модернизацијата во полна смисла на тој збор не дошла во Африка и дека токму поради тоа сништата на тие луѓе се токму какви што се и тие самите, едноставни и чисти.
Истакнува дека тоа е причината зошто сака да проживее во чистоќа и на тоа да му укаже на целиот свет.
„Сакам повторно да се сонува", порача Сојлемез кој рече дека на пат ќе тргне со посебно дизајниран велосипед.
Според неговите зборови многумина се обидуваа да го одвратат од намерата за патување сметајќи дека патувањето е опасно.
Меѓутоа, Сојлемез нагласи дека во секој град и во секоја држава постои можност некому да му се случи нешто лошо.
Доколку мислиме за овие можности, не можеме да живееме. Не верувам дека ќе има било какви проблеми во Африка", истакна тој и додаде дека е со намера да избегне евентуалните проблеми, претходно направил дипломатски подготовки.
Новостите и доживувањата ќе ги споделува преку социјалните мрежи.
news_share_descriptionsubscription_contact
