????? ????????
30 Октомври 2015•Ажурирај: 08 Ноември 2015
АНТАЛИЈА (АА) – Народната изрека “ не пиј вода додека си топол“ е неточна, покажаа најновите истражувања која покажуваат дека течност треба да се пие секогаш кога за тоа имаме потреба, а особено кога телесната температура ни е зголемена, тврди професорот од Мединицнскиот факултет при Универзитетот Хаџете во Анталија, проф. д-р Катагај Ѓулер.
Тој истакна дека дневно е потребно да се пие од 1,5 -2 литра вода. Коментирајќи го мислењето етаблирано во народот дека не треба да се пие водата додека сме загреани, затоа што, се смета дека може да му наштети на здравјето. Ѓулер кажа дека тоа мислење е во спротивност со исправното консумирање вода.
“Не ја чуваме водата, многу ја расипуваме, пиеме онолку колку ни е потребно, но постојат некои ставови во народот кои се погрешни. Народното верување дека водата не треба да се пие додека телесната температура ни е зголемена е погрешно. Водата секогаш можеме да ја пиеме. Кога имаме потреба за тоа и тука не постојат никакви ограичувања", појасни Ѓулер.
Тој кажа дека де препорачливо да се пие водата додека се трча или додека се обавува некаква физичка активност, секако, во одредени интервали.
“Потребно е да се пие водата во интервали. Пијте вода додека сте топли, додека сте испотени, секогаш кога чувствувате потреба. Верувањето дека водата не треба да се пие додека сме загреани ги спречува луѓето да ja внесуваат потребната количина на течност во своите организми."
Ѓулер нагласи дека грижата за водените ресурси и нивното зачувување е одговорност на секој поединец во заедницата, а не само на државните институции.
Она за што навистина треба да посветиме внимание е температурата на водата која ја консумираме. Токму ова го истражуваше група научници чија студија е објавена во "Journal of the International Society of Sports Nutrion".
Целта на студијата беше научно да се потврди како ладната вода делува на човечкиот организам. Студијата е направена на две групи спортисти за време на тренинг, кои произволно консумирале вода. Резултатот на истражувањето покажа дека групата која ја пиела водата на собна температура има нешто подобро влијание во обавувањето на одредени активности за време на тренингот од групата која консумирала ладна вода.
Некои други студии покажуваат дека на телото на човекот значително повеќе одговара водата на собната температура поради самата температура на човечкото тело изнесува околу 37 степени Целзјусови. Меѓутоа, она за што сите се сложни и каде нема поделби е ставот дека на телото му е потребно редовно да хидратизира и недостатокот на течности во телото доведува до сериозни дисфункции.