?????
31 Октомври 2015•Ажурирај: 06 Ноември 2015
Прекрасниот турски Национален парк Једиголер (Yedigoller /Седум езера) кој се наоѓа во западниот црноморски регион во Турција, кога доаѓа есен добива посебна убавина која привлекува голем број на посетители, јавува Anadolu Agency (AA).
Со есенските бои и опаднатите лисја на патевите опкружени со дрвја Једиголер е неизбежна дестинација во Турција. Меѓу турските градови кои во есента ќе добијат поразлична боја и посебна убавина е градот Бурса во северозападна Турција, кој по број на жители е четврти град во Турција, а индустриски најразвиен.
Објективот на фоторепортерот на АА ги забележа најубавите есенски бои во Националниот парк Једиголер и во Бурса.