Alma Dekovic
21 Октомври 2022•Ажурирај: 23 Октомври 2022
МУРМАНСК - Поларната светлина која е можно да се види на далечниот север од Русија, во Мурманската Област, формира спектар од неверојатни бои, јавува Агенција Анадолија (АА).
Крајниот север на Русија, како и останатите земји сместени во „аурорната зона“, привлекува туристи од целиот свет кои се надеваат дека ќе бидат сведоци на уникатен спектакл.

Мурманската Област, која се наоѓа на Колскиот Полуостров, многу е популарен меѓу руските туристи кои таму заминуваат да скијаат и да ги посетат традиционалните села.
За љубителите на астрономијата и фотографијата особено е привлечен периодот од годината кога можат да бидат сведоци на зачудувачка слика на светлината која трепери на ноќното небо.

Северната поларна светлост е еден од најпопуларните природни феномени и е едно од седумте природни светски чуда.
На северната Земјина Полутопка се нарекува Аурора Бореалис, а на јужната, Аурора Аустралис.

Бидејќи поларната светлина е природен светлосен феномен, тешко е однапред да се предвиди нејзината појава. Најчесто се појавува на небото во септември и октомври или во март и април, во период на пролетната и есенската рамноденица.