Mücahit Oktay
19 Јануари 2022•Ажурирај: 26 Јануари 2022
ЊУЈОРК (АА) - Судот во американската сојузна држава Калифорнија поднесе две одвоени тужби против возач на „тесла“, кој со возилото управувано од автопилот поминал на црвено светло и се забил во друго возило, при што две лица загинаа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Окружните обвинители во Лос Анџелес поднесоа две кривични пријави против возачот Кевин Џорџ Азиз Риад за сообраќајна несреќа во 2019 година во која загинаа две лица.
Дваесет и седумгодишниот возач на автомобилот тогаш тврдеше дека е невин. Тој беше пуштен од притвор со кауција до судењето.
Наведено е дека предметниот случај не е прво обвинение кое се однесува на автоматскиот систем на возење.