Mücahit Oktay
15 Декември 2021•Ажурирано: 16 Декември 2021
ЊУЈОРК
Според истражувањето спроведено во Соединетите Американски Држави (САД), речиси 3 од 10 возрасни лица наведуваат дека не се поврзани со ниту една религија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според истражувањето на светскиот Центар за истражување „Пју рисрч“, за 10 години процентот на христијани се намалил од 75 отсто на 63 отсто, додека во земјата најбрзо растечка група е онаа позната под името „нон“ (none). Процентот на оваа група во 2011 година изнесуваше 19 проценти од возрасната популација, а во текот на годината се искачи на 29 проценти.
Најновото истражување на „Пју“, покажува дека дел од населението во САД кое не верува во ниту една вера е зголемено за 6 отсто во споредба со пред 5 години и за 10 отсто во однос на пред 10 години.
Исто така, се наведува дека бројот на возрасни кои велат дека се молат секој ден и на кои религијата им е „многу важна“ во нивните животи, постојано се намалува со текот на годините.
Се додава дека христијанството, кое и понатаму го сочинува мнозинството од населението во САД, брзо се намалило, особено членовите на протестантската секта.
Припадниците на оваа религиозна група пред 10 години беа 50 проценти од возрасната популација, додека во најновото истражување тој број е намален на 40 проценти.