Ömer Koparan,Meryem Göktaş
19 Април 2019•Ажурирај: 21 Април 2019
БАБ/АНКАРА (АА) – ОМЕР КОПАРАН/МЕРЈЕМ ГОКТАШ –
Рабех Селим, кој ја загуби ногата при воздушните напади на режимот на Башар ал Асад, во Баб животот го обезбедува со умешноста на своите раце, а исто така спроведува активности за ранливата категорија луѓе.
Селим заработуваше со поправка на кабли во електраната во областа Тедмур (Палмира) во Хумус. Во 2014 година, при нападот на режимските сили врз централата, ја загуби ногата.
За да може да заработува и да го одржува своето семејство Селим мораше да мигрира, па се пресели во областа Баб, која е ослободена од терористите по операцијата „Штитот на Еуфрат“.
Бидејќи ја загуби ногата, Селим бараше работа каде што ќе може да ги користи вештините на рацете.

Селим, речиси една година работи како радио-телевизиски механичар. Тој, во изјавата за Anadolu Agency (AA), рече: „Откако ја загубив ногата при нападите на режимот на Асад, заедно со сопругата и трите деца морав да се преселам. По 4-годишни миграции се сместив во Баб. Ми се родија уште 2 сина“.
„Откако ја загубив ногата размислувам за тоа што можам да работам со искористување на двете раце, така се решив да работам како радио-телевизиски механичар“, нагласи Селим, додавајќи дека не се чувствува хендикепиран и дека неговата околина прави сè што може за тој да не се почувствува дека е хендикепиран.
- „Војната е многу лоша. Крајот е крв, смрт, солзи, миграција“
Селим, истакнувајќи дека е тешко да зборува за раните од војната, нагласи: „Го изгубив целиот имот. Ја изгубив татковината. Ги изгубив роднините. Изгубив сè. Војната е многу лоша. Крајот е крв, смрт, солзи, миграција“.
„Немањето стабилност во земјата лошо влијае врз иднината на децата“, рече Селим, и додаде: „Во Сирија немаме надеж за иднината. Иднината на моите деца зависи од регионот во кој живееме. Ако таму каде што живееме нема стабилност, тогаш и моите деца немаат иднина“.
- Помагање на семејствата од Тедмур
По пристигнувањето во Баб, и тој и неговото семејство се посветиле на семејствата од Тедмур, кои се дојдени од неговата област. Тој истакна дека во Баб се населиле 800 семејства од Тедмур, и дека 200 од нив се во многу лоша состојба.
„Постојано се среќавам со хуманитарни организации, трговци. Се обидувам да ги задоволам потребите на семејствата од Тедмур“, нагласи Селим.