Tolga Yanık
19 Април 2019•Ажурирај: 22 Април 2019
ИСТАНБУЛ
Според информациите објавени на порталот за вести од полето на технологијата „The Verge“, лозинките на инстаграм-корисниците, кои треба да се шифрираат и да се складираат, се достапни за повеќе од 20.000 вработени како обичен текст, јавува Anadolu Agency (AA).
Од друга страна, безбедноста на инстаграм-профилите на дневен ред дојде и минатиот месец, кога Фејсбук, прифаќајќи ја таквата состојба, објави дека бројот на профили до кои може да има пристап персоналот на компанијата е ограничен на десетици илјади.
Во неодамнешната изјава од Фејсбук се истакна дека милиони корисници на Инстаграм се погодени од небезбедноста на нивните профили. Покрај тоа, истакнато е дека лозинките на стотици милиони корисници на Фејсбук се складирани без да се шифрираат.
Експертите советуваат корисниците да ги обноват своите лозинки за безбедноста на нивните профили.