Ekipa
21 Февруари 2019•Ажурирај: 23 Февруари 2019
АБУЏА (АА) - ГОХАН КАВАК / АДАМ АБУ БАШАЛ -
Националната џамија во Абуџа, Нигерија, се смета за симбол на единството и исламот во земјата, и со својата архитектонска структура е во центарот на вниманието на посетителите.
Во комплексот на џамијата, која се смета за најголема архитектонска градба во Нигерија, покрај секојдневната богослужба, се реализираат и образовни и други активности.
Имамот на Националната џамија во Абуџа, Мухамед Кабир Адем, во разговор за Anadolu Agency (AA) раскажа: „Џамијата била изградена во 1984 година од страна на Високиот совет за исламски прашања предводен од султанот Сокот и беше отворена за богослужба во 1991 година.“
Џамијата почна да се користи по прогласувањето на Абуџа за главен град во 1991 година. Во џамијата истовремено можат да клањаат 15.000 верници.

Во комплексот на џамијата има чаршија каде што се продаваат книги, молитвени килими и текстил, а има и конференциски сали, центар за обука, библиотека и канцеларии кои припаѓаат на невладини организации.
- „Џамијата е симбол на единството во земјата и на исламот“ -
Во западноафриканската земја, која има околу 200 милиони жители, покрај муслиманите, христијаните и приврзаниците на локалните верувања, живеат над 200 етнички групи.
„Џамијата е симбол на единството во земјата и на исламот“, нагласи Адем, потенцирајќи дека во земјата живеат различни етнички и верски групи.
Адем, нагласувајќи дека џамијата е изградена на површина од 60.000 квадратни метри, истакна: „Во различни места во Нигерија има големи џамии, но според површината, најголема џамија во Нигерија е Националната џамија во Абуџа.“

Во комплексот на џамијата, која е посетувана од голем број домашни и странски гости, постојат и конференциски сали и библиотеки во кои се организираат активности и конференции во различни области.
„Покрај редовните намази и Џума намазот, во дворот на џамијата се организираат свадбени церемонии, се даваат часови, додека за време на Рамазанските и Бајрамските празници се организираат разни активности, вклучително и хуманитарните“, рече Адем, имамот на Националната џамија во Абуџа.
„До џамијата имаме чаршија каде што се продаваат книги, а има и конференциски сали. Џамијата, освен за богослужба, можеме да ја користиме и за образовни и за други активности“, рече Абдулкадир Ахмед, редовен посетител на џамијата.