Mehmet Ali Derdiyok
14 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) – Тестот за коронавирус на Хавахан Карадениз беше позитивен, откако пред една недела беше хоспитализирана со симптоми на кашлица и висока температура, пишува Агенција Анадолија (АА).
По лекувањето Хавахан Карадениз ја победи болеста и беше отпуштена од болница. Карадениз од болницата ја зеде нејзиниот внук од внук, Мелих Чираг.
Хавахан Карадениз беше испратена од болничкиот персонал со аплауз.
- „Најдобар третман е изолација, останување дома“ -
Главниот доктор во Болницата за едукација и истражување во Истанбул, проф. д-р Озгур Јигит, во изјавата за АА рече дека како и целиот свет, и Турција е погодена од пандемијата и дека против болеста моментално се борат со достапните методи за лекување.
Јигит, истакнувајќи дека не можат да го чекаат дефинитивниот метод за лекување, рече: „Во моментот имаме ефикасни лекови. Можно е да се излечи оваа болест ако започнете со соодветни третмани и со точни дијагнози.“
Потсетувајќи на зборовите на министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, дека најдобриот третман е „изолација, останување дома и одржување социјална дистанца“, Јигит ја истакна важноста од обрнување внимание на мерките за заштита.
Јигит рече дека болниците работат 24 часа на ден за заразените, како и дека над 90 проценти од пациентите можат да бидат излекувани со соодветни третмани.
Изјавувајќи дека целиот тим работи напорно за да ги излечи пациентите што доаѓаат во нивните болници, Јигит рече дека откако ја излекувале, од болница ја отпуштиле Хавахан Карадениз.
„Можеме да излечиме и пациент од 98 години. Пациентката во болницата дојде со симптоми на кашлица, висока температура и малаксаност пред една недела. Излекувана е со соодветна терапија и денес е отпуштена од болница“, нагласи д-р Јигит.
- „Никој да не излегува од својот дом“ -
Мелих Чираг, внукот на внукот на Хавахан Карадениз, рече дека возраста на неговата баба во лична карта е 98 години, но нејзината вистинска возраст е 107 години.
Истакнувајќи дека неговата баба била позитивна на тестот, Чираг рече: „Се посомневавме и веднаш ја однесовме во болница. Таа беше позитивна и веднаш хоспитализирана поради нејзината возраст. Му благодарам на целиот медицински персонал. На Министерството за здравство. Го преживеавме овој процес. Никој нека не излегува од дома.“
Хавахан Карадениз истакна дека е многу задоволна од болницата и од персоналот: „Болницата е добра, луѓето таму се добри. Благодарам многу. Ќе им кажам на сите. Бог да ве благослови.“