Burcu Arik
06 Август 2017•Ажурирај: 07 Август 2017
АНКАРА (АА) - Министерството за култура и туризам на Турција направи ново кратко промотивно видео во коешто се вклучени неколку карактеристични локации од Турција, а ќе биде емитувано на социјалните медиуми, се вели во соопштението на Министерството, јавува Anadolu Agency (AA).
Краткиот филм наречен „Home of Poetry“ („Дом на поезијата“) е подготвен во рамките на глобалната кампања за промоција на туризмот и културата на земјата насловена "Turkey Home", којашто ја започна министерството во 2014 година.
Промотивното видео се состои од главен рекламен филм во траење од над три минути, додека три други пократки филмови се снимени на античките места низ Турција, во 12 градови.
Инспириран од турската традиција на поезијата, проектот содржи стихови од познати турски поети како што се: Атила Илхан, Илхан Берк, Јахја Кемал Бејатли, Едип Џансевер и Фазил Хусну Дагларџа со цел промоција на убавините на земјата заедно со нејзиното историско наследство, истакна министерот.