Adam Abu-bashal
05 Ноември 2020•Ажурирај: 05 Ноември 2020
АБУЏА (АА) - Бројот на починати од новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 44.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.838.867.
Исто така, вкупната бројка на починати се зголеми на 44.012.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (19.585), по која следуваат Египет (6.318) и Мароко (3.982).
Во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република, каде заразени се 730.548 лица.
Во Африка од вирусот досега се излекувани вкупно 1.497.854 лица.