Mehmet Tosun
05 Ноември 2020•Ажурирај: 06 Ноември 2020
АНКАРА
Содржината на глобалниот портал за фотографии и видеа „Anadolu Images“ на Агенција Анадолија (AA) достигна 10 милиони.
Агенција Анадолија (АА) ја отвори својата визуелна архива преку платформата „anadoluimages.com“, до која може веднаш да се пристапи од целиот свет и која нуди лесни можности за купување. На овој начин агенцијата го продолжува својот раст во областа на фотографијата.
Платформата ги содржи најновите фотографии и видеа снимени од новинарите на АА од целиот свет. Во моментот има над 8,5 милиони фотографии и над 1,1 милиони видеа.
Во 2020 година платформата е посетена од 167 земји, содржи 8 милиони содржини на турски јазик и повеќе од 1,5 милиони содржини на англиски јазик.
На платформата, објавени се најдобрите фотографии и видеа на темите кои се подготвени од уредниците на АА.
Со страницата „Избор на уредникот“, можен е пристап до истакнатите фотографии и видеа од денот.
Порталот е во функција од 2014 година. Со новата верзија започна во февруари 2020 година. Од овој датум, поединци и институции кои не се претплатници на АА, исто така, со своите кредитни картички ќе можат да купат лиценци за содржини преку Интернет.
Платформата има над 2.300 регистрирани корисници од 95 земји.