Ali Murat Alhas
09 Мај 2020•Ажурирај: 09 Мај 2020
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Бројот на починати од новиот вид коронавирус во Бразил се искачи на 9.897, со 751 најнов смртен случај, објавија денес здравствените власти на Бразил, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа дијагностицирани се над 10.000 случаи, со што вкупниот број на заразени во земјата се искачи на над 150.000.
Во Бразил беше регистриран првиот смртен случај од коронавирусот во регионот, и е една од земјите во Латинска Америка најмногу погодена од вирусот.
Откако за првпат се појави во Кина минатиот декември, вирусот се прошири во најмалку 187 земји и региони. Европа и САД во моментов се најтешко погодени региони во светот.
Пандемијата ги зеде животите на 274.000 лица низ светот, повеќе од 4 милиони се заразени, додека битката со вирусот ја добија 1,3 милиони луѓе во светот.