Şenhan Bolelli
01 Јули 2020•Ажурирај: 02 Јули 2020
МАДРИД - Министерството за здравство на Шпанија соопшти дека во последната недела од последици предизвикани од заразеност со новиот тип на коронавирус (Ковид-19) починале 19 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во објавениот неделен извештај се наведува дека последните 7 дена се регистрирани 19 починати од Ковид-19, со што вкупната бројка е зголемена на 28.363.
Најголемиот број на починати потекнуваат од автономната област Мадрид (7).
Вкупниот број на лица кои се позитивни на коронавирусот изнесува 249.659, од кои 149 се евидентирани во последните 24 часа.
Во сегашната ситуација, делумниот втор бран од Ковид-19 е евидентиран во 30 места. Исто така, се истакнува дека состојбата во сите места е под контрола.
Регионот Астуриас, на северот на земјата, се издвојува како единствен регион каде што повеќе од две недели не се забележани нови случаи на вирусот.
- Ситуацијата во Португалија -
Владата на Португалија објави дека во последните 24 часа починале 3 лица, со што бројот на смртни случаи предизвикани од пандемијата на коронавирусот е зголемен на 1.579.
Во последните 24 часа регистрирани се 313 лица позитивни на Ковид-19, со што вкупниот број на лица заразени со новиот тип на коронавирус се искачи на 42.454.
Досега во земјата од Ковид-19 оздравеле 27.798 лица.