Bilal Acar
01 Јули 2020•Ажурирај: 02 Јули 2020
ЛОНДОН (АА) – Како последица на вирусот Ковид-19 во Велика Британија досега починаа 43.906 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство се наведува дека во земјата во последните 24 часа од коронавирусот починале 176 лица, со што вкупниот број на починати од од почетокот на епидемијата во земјата е зголемен на 43.906.
Бројот на заразени во изминатото деноноќие порасна за 829 и изнесува вкупно 313.483.
Во последните 24 часа се извршени 226.398 тестирања, додека вкупниот број на тестирања досега, вклучувајќи ги и повторните тестирања, е зголемен на 9.662.051.
Велика Британија е прва во Европа по бројот на починати од Ковид-19, а трета во светот, по САД и Бразил.