Muhammet Nazım Taşcı,Mehmet Şah Yılmaz
29 Мај 2020•Ажурирај: 30 Мај 2020
АНКАРА
Бројот на лицата кај кои е детектиран Ковид-19 во светот е зголемен на 5.910.720, јавува Агенција Анадолија (АА).
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗ0) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.
Интернет-страницата „Worldometer“ ја објавува епидемиолошката слика на светот од почетокот на пандемијата Ковид-19, а според последните податоци, од последиците на заразувањето починаа 362.124 заразени лица.
Низ светот од Ковид-19 се излекуваа 2.583.672 заразени лица.
Моментално во светот 2.964.924 лица се активно заразени, вклучувајќи 53.973 тешко заболени.
Со пандемијата најтешко се погодени САД во кои со Ковид-19 се заразени 1.768.461 лице, а починаа 103.330 заразени.