АНКАРА
Бројот на заразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 4 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на интернет страницата „Worldometer“, вкупниот број на заразени со Ковид-19 низ целиот свет ја достигна бројката од 4.000.273.
Најмногу случаи се откриени во САД, каде вкупно 1.317.852 лица се заразени со Ковид-19.
По САД следуваат Шпанија со 260.117 случаи, Италија со 217.185 случаи, Велика Британија со 211.364 случаи, Русија со 187.859 случаи, Франција со 176.079 случаи, Германија со 170.489 случаи, Бразил со 141.088 случаи, Турција со 135.569 случаи и Иран со 104.691 случај.
Во Кина кадешто за прв пат се појави овој вирус, откриени се 82.886 случаи.
Земји со повеќе од 20.000 регистрирани случаи се следни:
„Канада (66.313), Перу (61.847), Индија (59.693), Белгија (52.011), Холандија (42.093), Саудиска Арабија (35.432), Еквадор (30.298), Швајцарија (30.207), Мексико (29.616), Португалија (27.268), Пакистан (26.435), Чиле (25.972), Шведска (25.265), Ирска (22.541), Сингапур (21.707), Белорусија (21.101) и Катар (20.201)“.
Како резултат на епидемијата починаа 275.423 лица низ целиот свет, додека излекувани се 1.375.748 лица што беа заразени со вирусот. Во моментов во светот се наоѓаат 2.349.102 активни случаи со Ковид-19, кои се во процес на лекување.