Bahattin Gönültaş
09 Мај 2020•Ажурирај: 09 Мај 2020
БЕРЛИН
Германската авиокомпанија Луфтханза објави дека во јуни планира да почне со редовни летови на 106 дестинации во Германија и Европа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Луфтханза Груп (Lufthansa Group) наведуваат дека Луфтханза (Lufthansa), СВИСС (SWISS) и Еуровингс (Eurowings) од јуни ќе продолжат со редовни летови, кои се запрени поради ширењето на новиот вид на коронавирусот.
Соопштено е дека одлуката ја донеле по зголемиот број прашања на граѓаните, кои доаѓаат во време на ублажување на мерките во Германија и другите европски земји.
Наведоа дека во јуни 160 авиони повторно ќе сообраќаат во Европа. Истакнаа дека патниците и понатаму ќе носат маски во авионите и дека ќе треба да информираат за мерките и карантинот во земјите во кои патуваат.