Nuri Aydın
22 Јуни 2020•Ажурирај: 22 Јуни 2020
АНКАРА
Бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 9 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, досега во светот со Ковид-19 се заразени 9.006.759 лица.
Најмногу случаи се откриени во САД, каде што 2.348.839 лица се заразени со овој вирус.
По САД следуваат Бразил со 1.073.376 откриени случаи, Русија со 584.680 откриени случаи, Индија со 426.910 откриени случаи, Велика Британија си 304.331 откриен случај, Шпанија со 293.352 откриени случаи, Чиле со 251.355 откриени случаи, Пери со 251.338 откриени случаи, Италија со 238.499 откриени случаи, Иран со 204.952 откриени случаи и Германија со 191.575 откриени случаи.
Во Турција со Ковид-19 досега се заразени 187.685 лица.
Земји каде што бројката на откриени случаи со Ковид-19 надмина 50.000 се следни:
„Пакистан (176.617), Мексико (175.202), Франција (160.377), Саудиска Арабија (157.612), Бангладеш (112.306), Канада (101.286), Јужноафриканска Република (97.302), Катар (87.369), Кина (83.378), Колумбија (65.633), Белгија (60.550), Белорусија (58.505), Шведска (56.043), Египет (55.233) и Еквадор (50.640)“.
Како последица на Ковид-19 во светот починаа 468.754 лица, излекувани се 4.788.011 лица, додека 3.749.994 лица се во процес на лекување.