Barış Seçkin
15 Јуни 2020•Ажурирај: 16 Јуни 2020
РИМ
Новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Италија е причина за смртта на 34.371 лице, од кои 26 се починати во последните 24 часа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Цивилната заштита на Италија даде писмено соопштение во кое ги објави последните информации во врска со пандемијата на Ковид-19 која речиси 4 месеци трае во оваа земја.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Италија е намален за 365 во последните 24 часа и изнесува 25.909. Вкупниот број на лица кои досега беа позитивни на Ковид-19 изнесува 237.290. Бројот на лица кои биле позитивни на тестот во последните 24 часа изнесува 303.
Во последното деноноќие оздравеа 640 лица, со што вкупниот број на лица кои оздравеле од заразеност на Ковид-19 се искачи на 117.010.
Во последните 24 часа за 26 лица е зголемен бројот на починати од последици на заразеност со Ковид-19 и изнесува 34.371. Бројот на смртни случаи во последното деноноќие е најмала бројка на смртни случаи во Италија од 2 март досега.
Продолжува трендот на наламување на бројот на лица кои се наоѓаат на интензивна нега. Денес таа бројка е намалена за двајца пациенти и изнесува 207.
Во Италија досега се спроведени 4.648.825 тестови.