Bilal Acar
15 Јуни 2020•Ажурирај: 16 Јуни 2020
МАНЧЕСТЕР
Новиот тип на коронавирус во Велика Британија предизвика смрт на 41.736 лица, од кои 38 животот го загубија во последните 24 часа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата на британското министерство за здравство се наведува дека последното деноноќие од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19 животот го загубиле 38 лица, со што вкупниот број на смртни случаи предизвикани од коронавирусот во оваа земја се искачи на 41.736. Во истиот период се детектирани 1.056 новозаразени, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот на 296.857.
Последните 24 часа се извршени 93.163 тестови, вкупно 6.866.481 од почетокот на пандемијата.
Иако прикажаната бројка на смртни случаи во Велика Британија е двоцифрена, воглавно за време на викендите има доцнење на објавувањето на извештаите, па се смета дека дадената бројка не ја отслукува реалната слика во земјата.
Од аспект на бројот на смртните случи, Велика Британија е прва во Европа, а трета во светот зад САД и Бразил.