Emel Gözellik
16 Октомври 2020•Ажурирај: 17 Октомври 2020
АНКАРА
Бројот на починати од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1,1 милион, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, како последица на овој вирус во светот досега починаа 1.100.847 лица.
Во светот досега се откриени 39.078.278 случаи на заразување со Ковид-19.
Најмногу смртни случаи се регистрирани во САД, каде што 222.626 лица починаа како последица на овој вирус.
По САД следуваат Бразил (151.971 починат), Индија (112.144 починати), Мексико (84.898 починати), Велика Британија (43.293 починати), Италија (36.372 починати), Шпанија (33.553 починати), Перу (33.512 починати), Франција (33.125 починати) и Иран (29.605 починати).
Од Ковид-19 во светот оздравеа 29.284.830 лица.