Barış Seçkin
12 Март 2020•Ажурирај: 13 Март 2020
РИМ (АА) - Во Италија од новиот тип коронавирус починаа уште 189 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 1.016, јавува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот директор на Цивилната заштита, Анџело Борели, на дневната прес-конференција во Рим, ги соопшти најновите податоци во врска со состојбата по појавата на коронавирусот.
Според Борели, во моментов има 12.839 случаи на коронавирус во земјата, а кога на тој број ќе се додадат смртните случаи и опоравените, вкупниот број на заразени со вирусот изнесува 15.113.
Борели исто така изјави дека во однос на вчера починале уште 189 лица, со што вкупниот број на жртви е зголемен на 1.016 лица.
Додаде дека 98 отсто од луѓето кои починале од 21 февруари се луѓе на 68 години и постари, и дека на интензивна нега во моментот се наоѓаат 1.153 лица.
Борели рече дека бројот на опоравени, кој вчера изнесуваше 1.045, денес е поголем за 213 и изнесува 1.258.