Emre Aytekin
26 Мај 2021•Ажурирај: 27 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Бројот на починати поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 3,5 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometer“, 3.501.259 лица во светот починаа како резултат на овој вирус.
Најмногу смртни случаи се регистрирани во Соединетите Американски Држави (САД), каде починаа 605.208 лица.
По САД следуваат Бразил (452.224), Индија (311.421), Мексико (221.960), Велика Британија (127.739), Италија (125.501), Русија (119.600), Франција (108.879), Германија (88.161) и Колумбија (85.666).
Во Турција, заклучно со 25 мај, како резултат на Ковид-19 починаа 46.621 лице.
Бројот на откриени случаи на Ковид-19 во светот изнесува 168.572.311, додека од овој вирус оздравеа 150.118.596 лица.
Исто така, 14.952.456 пациенти заразени со овој вирус сѐ уште се во процес на лекување.