Gamze Türkoğlu Oğuz
30 Мај 2020•Ажурирај: 30 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Во Бразил како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа починаа 1.124 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Министерството за здравство на Бразил, во последните 24 часа регистрирани се 1.124 смртни случаи предизвикани од вирусот Ковид-19, со што вкупниот број на починати во земјата е зголемен на 27.878.
Во Бразил вкупниот број на лица позитивни на вирусот изнесува 465.166, од кои 26.928 се регистрирани во последните 24 часа.
Според информациите што ги објавува интернет-страницата „Worldоmeter“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на новиот тип коронавирус во земјите од светот, Бразил е земја со најголем број заразени и смртни случаи во Латинска Америка, а втора во светот зад САД според бројот на лица позитивни на тестот за Ковид-19.