Dildar Baykan
12 Март 2020•Ажурирај: 12 Март 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Во Вашингтон, главниот град на Соединетите Американски Држави (САД), прогласена „итна состојба“ поради новиот тип на коронавирус „Ковид-19“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Градоначалникот на Вашингтон, Муриел Баузер на прес-конференција објави дека прогласиле итна состојба како резултат на зголемените случаи на „Ковид-19“ во регионот.
Досега во Вашингон регистрирани се 4 случаи, исто така има 9 случаи на коронавирус во Мериленд и Вирџинија, кои се наоѓаат во близина на регионот.