Handan Kazancı
12 Март 2020•Ажурирај: 12 Март 2020
ДЕИР ЕЗ-ЗУР / АНКАРА (АА) - Коалицијата против ДЕАШ предводена од Соединетите Американски Држави (САД) нападна воени позиции на иранската армија во источна Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Нападот уследи откако двајца припадници на американската војска и еден британски државјанин се убиени во ракетниот напад врз воената база „Таџи“ во Ирак, каде што се сместени американски сили.
Коалицијата изврши напад врз три локации на иранската војска во Сирија, според извори од градот Деир ез-Зур.
Според изворите, има загинати и повредени.
Покраината Деир ез-Зур, лоцирана до сириско-ирачката граница, обезбедува копнена поврзаност помеѓу Иран и Либан. Низ покраината поминуваат гасоводите од Ирак и Јордан, како и трговските патишта.
Подрачјето западно од градот Деир ез-Зур од ноември 2017 година е под контрола на ирански групи и сирискиот режим на Башар ал Асад.
Подрачјето источно од градот Деир ез-Зур е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК поддржана од Соединетите Американски Држави (САД).