Barış Seçkin
17 Јуни 2020•Ажурирај: 18 Јуни 2020
РИМ (АА) – Во Италија во последните 24 часа починаа уште 43 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 34.448, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Преку писмено соопштение Цивилната заштита на Италија ги сподели најновите информации во однос на епидемијата од Ковид-19, која трае околу 4 месеци.
Според соопштението, во земјата моментално има 23.925 активни случаи на коронавирусот, со пад од 664 во последните 24 часа.
Во истиот период откриени се уште 329 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број случаи во земјата се искачи на 237.828.
Денес се излекувани 929 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 179.455 лицa.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 43 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 34.448 лица.