İlyas Tayfun Salcı
17 Јуни 2020•Ажурирај: 18 Јуни 2020
ЛОНДОН - Новиот тип на коронавирус во Велика Британија во последните 24 часа одзеде 184 животи, со што вкупниот број на починати во оваа земја се зголеми на 42.153, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Британското министерство за здравство преку Твитер објави дека во последните 24 часа бројот на лица позитивни на Ковид-19 е зголемен за 1.115, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 299.251.
Патрик Валанс, главниот научен советник во Владата на Велика Британија, во изјавата дадена во март истакна дека ако во земјата од епидемијата починат вкупно 20.000 лица, тоа би било успешен исход.