Büşra Selvi Öğütcen
21 Јули 2021•Ажурирај: 22 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Во Индија, земја што е меѓу најпогодените од пандемијата на коронавирусот во светот, во изминатите 24 часа се регистрирани 42.015 нови случаи на заразување, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Министерството за здравство на Индија соопштија дека во истиот период од последиците на Ковид-19 починале 3.998 лица, а излекувани се 36.977.
Регистрирани се 407.170 активни случаи.
Од оние што починале во изминатите 24 часа во Индија, 3.509 се од Махараштра, а 489 од остатокот на земјата.
Во земјата 30.390.687 лица се излекувани од коронавирусот, а стапката на оздравени е 97,3 отсто. Вкупниот број случаи во земјата е зголемен на 31.216.337, а бројот на починати на 418.480.
Министерството за здравство на Индија објави дека од 16 јануари, кога е започната кампањата за вакцинација, искористени се 415.472.455 дози вакцини.
Сепак, тоа не е доволно да се запре пандемијата во земјата која брои околу 1,4 милијарди жители.
Индија, според податоците на „Worldometers“, е втора земја во светот по бројот на заразени, а трета по бројот на починати.