Erbil Başay
21 Јули 2021•Ажурирај: 22 Јули 2021
БЕРЛИН (АА) - Според соопштението од Институтот „Роберт Кох“ (RKI), во изминатите 24 часа во Германија се регистрирани 2.203 случаи на заразување со коронавирус. Со тоа, вкупниот број случаи во земјата се искачи на 3.748.613, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Исто така се наведува дека 19 лица го загубиле животот поради Ковид-19 во последните 24 часа, а вкупниот број на починати се зголеми на 91.416.
Бројот на случаи на 100 илјади лица, што вчера беше 10,9, денес се зголеми на 11,4 лица. Оваа стапка, која се намали на 4,9 на 6 јули по третиот бран на епидемијата, се зголеми на 5,1 на 7 јули, 7,1 на 14 јули и 10,3 на 19 јули.
Дневниот број на случаи на 6 јули изнесуваше 440, на 7 јули 985, додека на 14 јули 1.548.
- Кампања за вакцинација
Во тековната кампања за вакцинирање во Германија, првата доза од вакцината против Ковид-19 е администрирана на 50.801.384 лица, а втората доза на 39.309.478 лица.
Со тоа, првата доза на вакцината против Ковид-19 е администрирана на 60,2 проценти од популацијата, а втората доза на 47,3 проценти.