Gamze Türkoğlu Oğuz
08 Октомври 2020•Ажурирај: 08 Октомври 2020
АНКАРА (AA) - Во изминатите 24 часа од последиците на заразување со коронавирусот во Индија починаа 971 заразен, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Индија соопшти дека вкупниот број смртни случаи предизвикани од Ковид-19 во земјата е зголемен на 105.526.
Само во последното деноноќие во Индија се потврдени уште 78.524 нови случаи на заразување со коронавирусот, со што бројката на заразени од почетокот на пандемијата во таа земја се зголеми на 6.835.655 милиони.
Од почетокот на епидемијата оздравеа 5.827.704 милиони луѓе.
Според веб-страницата „Worldometer“, каде што се собираат податоците за Ковид-19, Индија е втората земја во светот според бројот на случаи.