Ekipa
08 Октомври 2020•Ажурирај: 08 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Ерменските вооружени сили ги нападнаа цивилните области во Азербејџан кои се наоѓаат надвор од окупираните територии, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за одбрана на Азербејџан се наведува дека ерменските вооружени сили во утринските часови со артилериско оружје ги нападнале градовите Берде, Агџабеди и селата околу градовите Горанбој, Тертер и Агдам кои се наоѓаат надвор од границите на окупираниот Нагорно Карабах.
Истакнато е дека во нападите на Ерменија има починати и повредени.
Во соопштението се наведува дека азербејџанската армија презеде мерки против нападите на ерменските вооружени сили.
Во нападите извршени од страна на Ерменија од 27 септември досега, 30 азербејџански цивили го загубија животот, а 143 лица се повредени.