Ekipa
23 Јуни 2021•Ажурирај: 24 Јуни 2021
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Индија денес го надмина бројот од 30 милиони заразени со коронавирусот, регистрирајќи 50.848 нови случаи во последните 24 часа, покажуваат најновите податоци што ги објави индиското Министерство за здравство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од почетокот на пандемијата, од последици на коронавирусот починаа 390.660 лица, додека во текот на изминатиот ден се забележани уште 1.358 смртни случаи.
Во Индија аплицирани се повеќе од 294,6 милиони дози од вакцините против Ковид-19, со речиси 5,5 милиони дози дадени во последните 24 часа, покажуваат податоците на Владата.
Индија исто така сведочи на континуираниот пад на бројот на активни случаи, што од средата изнесува 643.194, што е најнизок број во изминатите 82 дена.
По одлуката за повторно отворање на училиштата, властите вчера истакнаа дека тоа треба да се реализира внимателно.