Sayed Khodaiberdi Sadat
23 Јуни 2021•Ажурирај: 24 Јуни 2021
КАБУЛ (АА) - Најмалку пет цивили се убиени во бомбашкиот напад што утринава се случи во градот Мејвенд во јужниот дел на Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на полицијата во областа Кандахар, Џамал Насир Барикзеј, соопшти дека експлозивот бил активиран во моментот на поминување на цивилно возило. Тој нагласи дека на местото на експлозијата загинале пет цивили, а дека уште 18 лица се ранети.
Досега никој не презеде одговорност за нападот.
Во екот на интензивираните мировни преговори и најавите за повлекување на странските сили од Авганистан е забележан голем пораст на насилствата.
Авганистан е средиште на длабока повеќедецениска политичка и безбедносна криза, што се рефлектира во борбата за превласт меѓу талибанското движење и владините сили.
Талибанското движење во изминатите два месеца ја презеде контролата во најмалку 35 подрачја во Авганистан. Според податоците на Обединетите нации, талибанците моментално контролираат меѓу 50 и 70 отсто од територијата на Авганистан, не сметајќи ги централните делови на големите градови.