Barış Seçkin
11 Јуни 2020•Ажурирај: 11 Јуни 2020
РИМ (АА) – Во Италија, во последните 24 часа од новиот вид коронавирус, Ковид-19, починаа уште 71 лице, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се искачи на 34.114, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Цивилната заштита на Италија го соопшти најновите податоци поврзани со вирусот Ковид-19.
Според соопштението, во земјата моментално има 31.710 активни случаи на коронавирусот, со пад од 1.162 во последните 24 часа.
Во последните 24 часа откриени се уште 202 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица, изнесува 235.763.
Денес се излекувани 1.293 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 169.939 лицa.
Исто така се истакнува дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 71 лице, со што вкупната бројка на починати се искачи на 34.114.
Според соопштението, продолжува да се намалува бројот на пациенти на интензивна нега. Вчера на одделите за интензивната нега се лекувале 263 пациенти, денес бројката на пациенти е намалена на 249.
Во земјата досега направени се вкупно 4.381.349 теста.