Şenhan Bolelli
11 Јуни 2020•Ажурирај: 11 Јуни 2020
МАДРИД (АА) - Шпанското Министерство за здравство во последните 72 часа не пријави нови смртни случаи од новиот вид коронавирус, Ковид-19, го повтори вкупниот број од 27.136 починати од почетокот на епидемијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство го ажурираше бројот на новозаразени и починати од вирусот Ковид-19.
Податоците за бројот на смртни случаи од Ковид-19 во земјата Министерството ги дава еднаш неделно. Бројот на вкупно починатите во последните 3 дена остана непроменет и изнесува 27.136.
Бројот на смртни случаи во текот на една недела поврзана со епидемијата изнесува 40.
Според податоците, во последните 24 часа откриени се уште 167 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи се искачи на 242.280.
Вчера бројот на новозаразени изнесуваше 87.
Во главниот град Мадрид, вкупната бројка на починати од Ковид-19 е зголемена на 8.691, а билансот на новозаразени на 69.895.
- Ситуацијата во Португалија -
Според португалската Влада, во последните 24 часа од Ковид-19 во земјата починале 5 лица, со што вкупната бројка на починати е зголемена на 1.497.
Во земјата дијагностицирани се 294 нови случаи со Ковид-19 во последните 24 часа, а билансот на заразени од почетокот на епидемијата се искачи на 35.600.
Забележано е дека над 90 проценти од новите случаи се евидентирани во главниот град Лисабон и околината.
Вкупниот број на излекувани пациенти од Ковид-19 во Португалија изнесува 21.742.