Fuat Kabakcı
19 Април 2020•Ажурирај: 19 Април 2020
АНКАРА (АА) - Во Јужна Кореја откриени се 8 нови случаи на новиот вид коронавирус, Ковид-19, а две лица починаа, додека во Кина регистрирани се 16 нови случаи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според изјавата дадена од Центарот за контрола и превенција од непогоди на Јужна Кореја, во земјата во текот на 24 часа од Ковид-19 починале 2 лица, а откриени се нови 8 случаи.
Пет од случаите се откриени кај лица што дошле од странство.
Во земјата, бројот на случаи се намали постепено во последните неколку дена и за прв пат падна на едноцифрен број во последните 2 месеци, а вкупниот број на случаи се зголеми на 10.661, додека бројот на смртни случаи на 234.
- Во Кина регистрирани 16 случаи во последните 24 часа -
Од друга страна, според соопштението на кинеската Национална здравствена комисија, во последните 24 часа во земјата нема нови смртни случаи од Ковид-19, а регистрирани се вкупно 16 новозаразени.
Во Кина, од Ковид-19 до денес починаа 4.632 луѓе.
Ковид-19 за првпат се појави во градот Вухан, во Кина, се рашири во околу 200 земји и прерасна во пандемија. Во светот бројот на случаи се зголеми над 2.333.000, а од вирусот досега починаа над 160.000 лица.