Ekipa
15 Август 2020•Ажурирај: 16 Август 2020
БОГОТА (АА) - Случаите на коронавирусот продолжуваат да се зголемуваат во Латинска Америка, каде што некои земји се приближуваат до највисоките нивоа од почетокот на пандемијата, јавува Агенија Анадолија (АА).
Во регионот регистирани се над 5.980.000 случаи и повеќе од 236.000 смртни случаи, според американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.
Најголем број смртни случаи имаат Бразил и Мексико, но Колумбија и Перу исто така се борат со растечкиот број случаи.
- Бразил -
Министерството за земјоделство на Бразил соопшти дека нема докази кои покажуваат дека вирусот може да се пренесе преку консумирање или преку работење со храна, откако властите во јужна Кина соопштија дека вирусот го пронашле во увезено пилешко месо од Бразил.
Бразил, кој е најголемиот светски извозник на замрзнато пилешко месо, го наведе соопштението на Светската здравствена организација (СЗО) дека нема научни докази за пренесување на Ковид-19 од замрзната храна или преку пакување на храна.
Бразил во изминатите 24 часа регистрираше 50.644 новозаразени и 1.060 нови смртни случаи, соопштија властите вчера. Вкупно досега во Бразил регистрирани се 3.275.520 потврдени случаи на вирусот и 106.523 починати.
- Мексико -
Министерството за внатрешна безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека го продолжува периодот на затворање на своите заеднички граници со Канада и Мексико до 21 септември.
„Ние продолжуваме да соработуваме со нашите канадски и мексикански партнери со цел да го забавиме ширењето на Ковид-19“, напиша в.д. секретарот за внатрешна безбедност на САД, Чад Волф, на Твитер.
Ограничувањето за патување за првпат беше објавено на 18 март и се обновува месечно.
Мексико досега бележи повеќе од 505.000 случаи на коронавиусот и 55 000 смртни случаи.