Hakan Çopur
10 Април 2018•Ажурирај: 10 Април 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа претходно планираната посета на Латинска Америка, за од Вашингтон да може да ја следи ситуацијата околу случувањата во Сирија, се потврдува од Белата куќа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, во пишана изјава порача дека наместо претседателот Трамп, во Латинска Америка ќе престојува потпретседателот на САД, Мајк Пенс.
Сандерс потсети дека Трамп требало да присуствува на Самитот на Америка во главниот град на Перу, а потоа да го посети и главниот град на Колумбија, Богота, и дека овие посети, наместо него ќе ги изврши Мајк Пенс.
„За да процени кој би бил одговорот на САД во врска со Сирија и за да може да ги следи случувањата во светот, претседателот ќе остане во САД“, истакна Сандерс.
САД веќе најавија дека ќе одговорат на силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад поради употребата на хемиско оружје во нападите врз цивилите во Сирија, без оглед на идните потези на Советот за безбедност на ОН.
Во последниот напад со хемиско оружје на сирискиот режим врз населбите во Дума, која е последно место во Источна Гута под контрола на опозицијата, загинаа 78 цивили.