Dmitri Chirciu
15 Април 2020•Ажурирај: 16 Април 2020
МОСКВА (АА) - Сојузот на лекари на Руската Федерација истакна дека кај голем дел на медицински персонал во земјата е откриен новиот вид коронавирус, Ковид-19, но тоа се крие, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Една од раководителите на Сојузот на лекари, Анастасија Василјева, тврдејќи дека во голем дел кај здравствениот персонал е откриен Ковид-19 нагласи: „Главните лекари во болницата кријат дека вработените се болни, не спроведуваат тестови на Ковид-19 и ги принудуваат болните да работат.“
Истакнувајќи дека тоа е неприфатливо, Василјева додаде: „Оваа ситуација се заканува на здравјето на целиот болнички персонал и пациентите.“
Василјева, наведувајќи дека се врши притисок врз лекарите: „Раководителите на болниците се плашат од губење на работните места, наместо да го спасат својот персонал, тие се однесуваат непрофесионално.“
Таа претходно тврдеше дека вистинскиот број на случаи на Ковид-19 во земјата се крие и дека случаите се евидентираат како „пневмонија“.