Servet Günerigök
09 Април 2020•Ажурирај: 09 Април 2020
ВАШИНГТОН
Денес во САД бројот на смртни случаи од последиците на Ковид-19 се искачи на 14.817 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, во САД се регистрирани вкупно 14.817 смртни случаи и 432.132 потврдени случаи на заразување. Вкупно 23.906 лица се излекувани.
Најголем број смртни случаи од Ковид-19 има Италија со 17.669 починати, САД се на второ место, а на трето место е Шпанија со 14.792 смртни случаи.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека оваа недела ќе биде „многу болна“ за САД кога станува збор за смртните случаи предизвикани од новиот тип коронавирус.
Слично предупредување во неделата упати и генералот Жероме Адамс, кој рече дека оваа недела ќе биде една од најтешките и најтажните за земјата.
„Ова ќе биде најтешка и најтажна недела во животите на повеќето Американци. Ова ќе биде нашиот Перл Харбор и нашиот 11 септември, но нема да биде локализиран, туку ќе се случува низ целата земја“, изјави Адамс.
Њујорк е најтешко погодена држава од пандемијата на Ковид-19 со речиси 6.200 смртни случаи.
САД се земја со најмногу потврдени случаи со коронавирус, а потоа следуваат Шпанија, Италија и Германија.
Вирусот Ковид-19 најпрвин се појави во Вухан, Кина, во декември 2019 година и досега се рашири во 200 земји низ светот.
Во светот се регистрирани над 1,48 милиони потврдени случаи на вирусот, а бројот на смртни случаи во светот е повеќе од 88.500. Речиси 330.000 пациенти се излекувани.