Islam Doğru
26 Јуни 2020•Ажурирај: 27 Јуни 2020
ЊУЈОРК
Пандемијата на новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа во САД предизвика смрт на 2.515 лица, вкупно 126.823 досега, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД продолжува да е земја со најголем број на заразени и смртни случаи во светот.
Интернет страницата „Worldometer“ која секојдневно ги ажурира податоците во врска пандемијата на коронавирусот во светот објави дека во последните 24 часа во САД детектирани се 41.986 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на заразени на 2.505.909.
Во последното деноноќие од последици на заразеност со новиот тип на коронавирус животот го загубија 2.515, зголемувајќи го вкупниот број на починати на 126.823.
Според бројот на детектирани лица позитивни на Ковид-19, зад САД следат Бразил со 1.233.147, Русија со 620.794 и Индија со 491.992 заразени.
И покрај падот на бројот на новозаразени и смртни случаи, Њујорк продолжува да е „сојузна држава во САД најпогодена од пандемијата“.
Досега во Њујорк коронавирусот е детектиран кај 414.274 лица, а 31.373 лица ги загубија животите.
Според бројот на лица позитивни на Ковид-19, по Њујорк следат Калифорнија со 201 илјада и Њу Џерси со 175 илјади.
Во САД на коронавирусот се тестирани 30.750.000 лица, а досега од заразеност со коронавирусот оздравеа повеќе од 1.052.000 лица.